Холивудската актерка Хали Бери наполни 52 години, но со изгледот без проблем може да и конкурира на двојно помлади. Таа неодамна ги воодушеви фановите кога на Инстаграм објави фотографија на која позира мокра, а облечена само по црни гаќички и бела проѕирна маичка под која и ѕиркаат градите.
-Мрзелива недела, порача Хали, а секси фотографијата предизвика доста коментари преполни со комплименти.
Инаку, Хали Бери моментално е слободна откако неколку месеци беше во врска со британскиот музичар и продуцент Алекс да Кид (35). По крајот на врската објави дека завршила со љубовта и дека ужива во слободата и времето за себе.
Актерката од врската со канадскиот модел Габриел Аубруј (41) ја има ќерката Нахлу (9), а од бракот со колегата Оливиер Мартинез (52) го доби синот Мак Роберт (4).
Беше мажена и три години за поранешниот бејзбол играч Давид Јустик (51), а од 2001 до 2005 за пејачот и текстописец Ерик Бенет(51).