Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ им дава можност на младите таленти да се покажат и да започнат музичка кариера.
Неколку години по ред, освен кандидати од Србија, се пријавуваат и бираат кандидати и од регионот.
Претходната сезона, победата ја однесе охриѓанецот Ристе Ристески, а секоја сезона има се повеќе подобри кандидати од Македонија.
Сезоната 2017/2018 како македонски претставници ја одбележаа Огнен Здравкоски и Мартинијан Кириловски кои успеаа да стигнат до петиот круг, но исто така и Стефан Величковски кој испадна пред нив.
Меѓутоа, според новите правила кои ги најави директорот на Гранд, Саша Поповиќ за овие музички таленти ќе има прилика и оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=1kJf_q5IhAQ
На аудицијата за новите музички таленти, Саша Поповиќ објасни дека Огнен и Мартинијан се добри кандидати и ќе добијат прилика во новата сезона.
Повик од Саша Поповиќ доби и Стефан Величковски, па јавно се пофали на Фејсбук дека добил повик од Гранд и ќе настапува во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Какви кандидати ќе има и дали некои од нив ќе стигнат до самиот крај, останува да видиме во новата сезона која започнува во септември.