Некогашната македонска водителка на „Бекстејџ“, Мартина Михајловска во октомври претходината година се сврши со нејзиниот избраник Виктор Илоски.
Викендов младите официјално го кажаа судбоносното „да“ и запливаа во брачните води.
Водителката на својот Инстаграм не сподели фотографија од свадбата, ниту премногу открива за нејзиниот приватен живот. Меѓутоа, стилистот Дадар сподели неколку фотографии од невестата која блеска во бела веначаница.
Свадбени фотогрфии од Мартина и Виктор се појавија и на Инстаграм профилот од студиото кое беше задолжено да ги забележи најубавите моменти од венчавката.
Мартина во долга бела веначница изгледа како принзеза од бајка, а покрај Охридското езеро свадбените фотографии изгледаат како разгледница.
фото: Бојан Митковски/ЗагаПродуктион/Инстаграм