Дино Дворник беше еден од најпознатите хрватски пејачи, а во 2008 година почина од предозирање на лекови. Многумина мислеа дека на неговата ќерка Ела и оставил огромно богатство.
„Почина од таблети кои ги користеше неколку дена пред смртта. Користеше лекови за смирување, болки, антидепресиви. Според докторите неговото тело беше во добра кондиција и сите органи му беа здрави. Хемискиот состав на тие лекови му го отежна дишењето и тој почина во сон, изјави тогаш неговата сопруга.
Неговата ќерка, Ела истакна дека работела за да заработи.
„Многу работев. И во текот на летната сезона и во кафуле, изјави Ела во една прилика и додаде дека сите ја гледале што ќерката на Дино Дворник работи.
По смртта на нејзиниот татко се пресели во Данска, а од таму замина во Лондон каде што работеше како музички агент.
Денес има тетоважи, а едната ѕвезда која и е истетовирана е посветена на нејзиниот татко Дино.
Во една прилика изјави: „Не се дрогирам и не сум на хероини. Редовно донирам крв и се трудам да живеам здраво, изјави Ели.
Ели е во врска со тринаесет години постар маж со кој неодамна доби дете.