Радио Милева

Рада Манојловиќ заминува на лечење во Швајцарија

Рада Манојловиќ заминува на лечење во Швајцарија

Пејачката Рада Манојловиќ веќе со години се бори со болките во половината поради пршлените кои и нагмечуваат нерв, но и дискусите.

Таа не само што трпи силни болки, туку во последно време има проблем и да оди, а операцијата ја пролонгира веќе одамна. Деновиве пејачката ќе отпатува за Швајцарија на лечење, каде лекарите ќе одлучат дали ќе биде оперирана.

Рада првин пробала се за да не легне под нож, но поради работата не мирува доволно, а нејзината состојба не се подобрува. По консултации со лекари од Србија, таа закажала итен преглед во една приватна болница во Швајцарија.


-Радмила долго време оди на физикална терапија, тоа и помага, но не е долготрајно решение. Во последно време се случува по настап да мора да оди на инјекции, блокади и масажи, за да ја намали болката, вели извор близок на пејачката за српските медиуми.

To top