Радио Милева

„Останав без зборови“: Веднаш по свршувачката, Сузана Трурунџиева откри детали за свадбата на ќерката Лора

„Останав без зборови“: Веднаш по свршувачката, Сузана Трурунџиева откри детали за свадбата на ќерката Лора

Ќерката на писателката и музичар Сузана Турунџиева, Лора, вчеравечер и обелодени на јавноста дека му кажала „да“ на своето момче Филип Наунов.

Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели и пресреќната мама Сузе која напиша дека во животот постојано брзо и се случуваат нештата, па и ова.

Откако во повеќето домашни медиуми се рашири оваа информација, Сузе за порталот 7 дена.мк откри дека моментално се во еуфорија поради новите случувања за Лора и Филип.

– Чудно но вистинито, останав без зборови- вели Сузе. „Им посакувам љубов, голема чиста и долговечна, каква јас никогаш немав. Нека им даде Бог се што ми зеде мене. Филип е прекрасно момче и да имав син ќе беше како него.“, вели Турунџиева и додава дека свадбата ќе биде  за многу брзо време.

Купидон си ги зема работите под свое, свадбата ќе биде наскоро а вљубените се на седмо небо од емоции, пишува 7 дена.мк

Инаку, запросувањето се случи во интимна и романтична атмосфера на базен.

To top