Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков на својот Инстаграм профил пласираше интересна теза. Теорија од типот: „Ај погоди со поглед што сум во хороскоп?“ Или поточно, како телесните адути ви го одредуваат зодијачкиот знак!?
Имено, довитливата Снеже ја постираше оваа необична теорема, па со истата ги поздрави своите другарки и другари. Според неа, најдобрите, најистакнати и најиспакнати физички карактеристики се отприлика, заеднички за секој хороскопски знак. „Тути атрибути“, како заеднички именител! Па така: стрелецот, ракот, јарецот и вагата би требале да имаат најдобро газе, додека пак: бикот, водолијата, овенот и шкорпијата имаат најбујни гради… Ама, што е со останатите? И дали Снеже спаѓа во една од овие две групи или во онаа – третата… Кај останатите?
Ако подобро ја погледнете русокосата убавица одназад, можеби и може да влезе во првата група. Ама за жал, изгледа дека телесниот зодијак не ќе да е баш најточен, зашто Снеже со така извајана „пилатес задница“ не е ниту стрелец, ниту рак, а уште помалку јарец или овен во хороскоп!
Однапред и не морате да го задржувате погледот подолго… На прва се гледа дека згодната пилатес инструкторка ни оддалеку не припаѓа на втората група – бујни зодијачки знаци.
Значи, останува сепак онаа – третата? А, што вели таа?
Таму хороскопот вели дека близнаците, лавот, девицата и рибата – како Снеже Велков, од „најдобро“, можат да имаат само… најдобри другар(к)и! И оди после, па верувај во хороскоп!
Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze