Песната „Ноќна кралица“ беше голем хит во 90-ите кој тогаш уште младата македонска пејачка од албанско потекло Ерзана Бериша, ја отпеа на брилијантен начин на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 1998“.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_22-4.jpg)
Две децении подоцна, скопскиот „Поп арт бенд“ го преработија овој голем македонски хит, крунисувајќи го со свој аранжман. Оригиналната музика инаку е дело на самата Ерзана, додека стиховите на песната ги напиша Клементина Крстановска, а аранжманот го потпиша Дарко Димитров.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_18-5.jpg)
Оваа верзија на „Ноќна кралица“ ја свират и пејат во живо членовите на „Поп арт бенд“, предводени од вокалната изведба на Моника Јанков – Малиша, која своевремено имаше и соло кариера и самата настапувајќи на „Макфест 2007“ со темата „Луда по тебе“ чиј комплетен автор е Кристијан Габроски.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_15-3.jpg)
Моника како вокал на „Поп арт бенд“ на себесвојствен начин и дава свој печат на „Ноќната кралица“ на Ерзана, боејќи го овој голем хит со поинаква боја, вдахнувајќи му доза на соул и ар ен би дух на ова модерно музичко парче, зад чиј микс и продукција овој пат стои еден од најдобрите македонски тон сниматели и музички продуценти, Евгениј Каревски – Гени.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_21-5.jpg)
Покрај Моника, во „Поп арт бенд“ членуваат и Марио Ристовски – бас гитара Димитар Ганчевски – клавијатури Филип Пулески – гитара Кристијан Лафазановски – тапани Анета Василева – придружни вокали.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_18-6.jpg)
Оваа „лајв“ верзија доби и свој концертен видеозапис кој го изработил Томе Влашески – Куба, кој е потпишан како продуцент на видеото и камерман, Петар Димов како втор камерман, додека Сашо Јовановски – Тарзан бил одговорен за светлото. Стручните раце од Инфинито студио се погрижиле за шминката, а спотот е снимен во „Лофт бар“ – Скопје.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Screenshot_20-3.jpg)
Како изгледа и звучи „Ноќната кралица“ на Ерзана во изведба на „Поп арт бенд“ проследете во продолжение.