Катарина Ивановска досега сними бројни кампањи и фотосесии за светски реномирани брендови, а чекореше и на пистите на големите модни имиња.
Периодов таа одмара од работа и ги полни батериите на атрактивни дестинации заедно со сопругот и синчето.
Но ова лето во своето портфолио ќе додаде и уште еден моден ангажман кој го имаше кон крајот на месец јуни и тоа за македонскиот дизајнер Игор Марков.
За таа цел Катарина се фотографираше во центарот на Скопје облечена во минималистичка монохроматска комбинација во асиметричен крој која освојува на прв поглед.
Дел од фотографиите се направени на пешачки премин на познатото место „Рекорд“, а нашата македонска убавица со интернационална кариера ги сврти сите погледи кон себе.
фото:инстаграм/јована зука