Јелена Карлеуша знае често да ги израдува своите обожаватели со фотографии од својот приватен живот, но исто така и со оние од нејзините настапи.
Бидејќи Карлеуша секогаш држи до тоа на настапите да има близок контакт со својата публика, нејзините обожаватели секогаш ја користат можноста да се доближат до неа, да ја допрат, да се ракуваат, гушнат, да ја бакнат… да се фотографираат.
Имено, овој пат таа објави необична фотографија на која нејзината гардероба по настапот е извалкана со крв, по која голем број нејзини фанови беа загрижени.
Јеца призна дека ова е една како од убавите, така и лошите страни на нејзиниот бизнис, зашто по секој нмастап, по секоја нејзина изведба изгледа како да било во борба со лавови.