Ана Цакиќ, поранешна девојка Вељко Ражнатовиќ, го кажа судбоносното „ДА“ на нејзиниот избраник Предраг Рајковиќ, инаку резервен голман на српската фудбалска репрезентација.
Српскиот голман и поранешата манекенка и топ модел се венчале во еден ресторан во Белград, во присуство на околу 40-ина гости, со кои на истото место го прославиле почетокот на брачниот живот.
Цакиќ се одлучила за уникатна венчаница, провидна кај струкот, детал кој го вклопила со невестинскиот вел, а младоженецот изненадил со својот лежерен стајлинг.
Не се одлучил како многумина мажи за елегантна црно-бела варијанта, туку направил модерна комбинација Невообичаените сиви панталони ги искомбинирал со бела кошула и сив костум, а во сето тоа ги вклопил и црните патика – чевли.