Промотер

Блузот кај нас продолжува да живее со… The Mole Pack – „Gamblin’ Man“ (ВИДЕО)

Блузот кај нас продолжува да живее со… The Mole Pack – „Gamblin’ Man“  (ВИДЕО)

Нов бран на музички креации е во подем од новосоздадениот авторски бенд „Мол-пек“ (The Mole Pack). Бендот штотуку го сними својот прв албум „Gambling Man“, кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри-влијание.

„Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз-фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно“, вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.

‘Рбетот на бендот се состои од: Димитар Даневски (ритам и соло-гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас-гитара) и Глигор “Гишо” Динев (тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат чопорот се: Дарко Стојоски (ритам и соло-гитара), Златко Андријевски (ритам и соло-гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.

Имено, името на бендот има пошироко значење и цел. Кртот (mole) е животно кое e речиси слепо. Недостигот на вид го компензира потпирајќи се на неговите чувства, инстинкти и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето би требалo повеќе да им веруваат на нивните чувства, односно слушање на своето „внатрешно јас“, со цел да го збогатат сопствениот дух и да се задoволат сопствените интереси и желби без страв од неуспех. Следењето на интуицијата и инстинктите би можеле да помогнат во излегување од секојдневната рутина на модерниот живот.

Kако звучи и изгледа првиот сингл и видеото за насловната тема на албумот „Gamblin’ Man“,  на младите „блуз кртови“,  дознајте во продолжение.

Извор:РадиоМК

To top