Радио Милева

Луна Џогани уште многу долго ќе ги памети зборовите кои Јелена Карлеуша и ги упати јавно

Луна Џогани уште многу долго ќе ги памети зборовите кои Јелена Карлеуша и ги упати јавно

Дури и по неколку месеци откако завршија реалните шоуа, во регионот се уште се зборува и пишува за истите. Како и секогаш, Јелена Карлеуша не остана имуна на оваа ситуација.

Познатата пејачка истакнува дека се обидува да блокира се што има врска со ријалити, но и оние работи кои доаѓаат до неа.

По пресметката со Кија Коцкар, која одекна во јавноста, Јелена се сврти кон Луна, а нејзините зборови посебно влијаеја на српската блогерка и ќерка на Анабела Атијас.

На големо изненадување на сите многубројни фанови, Јелена Карлеупа откри дека од сите ријалити личности кои не ги сака, единствено ја издвојува Луна Џогани.

-Од мојот презир кон ријалити, ја издвојувам само онаа малата Луна. Зошто? Па затоа што ми се може и затоа што е наместена жртва. Малата е наместена да преживее таков линч, што јас немам зборови, напиша Карлеуша на Твитер профилот.

Изгледа дека без оглед на непријателството кон Кија, Јелена срдечно ја поддржува Луна Џогани.

To top