Радио Милева на пат кон славата

Хелена Роза и ќерка и Кјара беа ВИП ријалити гости… (ФОТО)

Хелена Роза и ќерка и Кјара беа ВИП ријалити гости…  (ФОТО)

Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години живее во Оукленд, на далечниот Нов Зеланд. Деновиве таа правеше семејна забава, славејќи го првиот роденден на своето синче Тиан. Семејното славје го овековечи со семејна фотографија, за семејна среќа.

Веќе следниот ден Хелена и нејзината ќерка од првиот брак – Кјара, која израсна во вистинска убавица, се најдоа во ријалити… Не баш во реално шоу, ама сепак беа ВИП гости на „реална“ забава на најголемата ријалити ѕвезда на Нов Зеланд, дамата со иранско потекло Назанин Канџани, која важи за новозеландската Ким Кардашијан.

Дама позната од новозеландската верзија на светската франшиза „Танц со ѕвездите“, со диплома од Ворнер Брос, фитнес инструктор, промотор и бренд амабсадор на дузина различни познати брендови на производи… Со еден збор ултрапопуларна личност.

Хелена и Кјара елегантно дотерани, беа едни од специјалните гости на забавата што ја организираше ријалити ѕвездата, на која присуствуваа голем број познати и значајни личности од светот на забавата, шоу бизнисот, модата, тамошниот џет сет…

Канџани, таа вечер вечер ја промовираше својата  нова веб-страница, Naz.co.nz  како и YouTube каналот преку своите социјални медиуми.

27-годишната ѕвезда,  вели дека сајтот е „сé уште во надоградба“, но ќе биде и дом на “Naz TV” , како и на нејзините најнови тренинг видеа и реалното ТВ шоу наречено „Животот на Наз“.

Хелена и Кјара не пропуштија да остварат бројни контакти…

…А, нивното присуство беше забележено и овековечено со фотографии и во дел од тамошните медиуми како весникот „New Zealand Herald“ , порталот „Spy“ и секако веб сајтот на Нази.

Па, кој да знае… Можеби некоја од новите светски ријалити ѕвезди, овој пат од македонско потекло,  тукушто е “родена“?

Фото: Нори Монтгомери

 

 

 

To top