Промотер

Александра Јанева и „2ВЕ“ ја препеа „Километри“ (ВИДЕО)

Александра Јанева и „2ВЕ“ ја препеа „Километри“ (ВИДЕО)

Александра Јанева го продолжува новиот летен проект заедно со нејзиниот бенд „2BE“, кој го стартуваше на календарскиот почетокот на летото. Имено, таа преку социјалните мрежи од обожавателите побара идеи за преработки на песни.

Второто видео од летниот проект #summerjam  по „Херој“-от на Лоба  е  „Километри“ на Лозано, со што оваа преработка ја прави уште поинтересна, односно ни дава можност истата да ја слушнеме во женска варијанта.

Членовите на бендот „2Be“ повторно се погрижија за комплетниот звук и тоа, аранжманот е на Тино Стојановски, кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал.

„Видеото е обично, но симболично за песната. Баш вака ги минуваме нашите празници и викенди, патувајќи низ Македонија“, вели Александра Јанева, а како изгледа и звучи овој  хит во нејзина изведба, дознајте во продолжение.

 

To top