Радио Милева двојна реклама

Сани ја искористи Инстаграм апликацијата за да си го потврди животниот избор… и да го изрекламира! (ФОТО)

Сани ја искористи Инстаграм апликацијата за да си го потврди животниот избор… и да го изрекламира! (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска откако се омажи за својот избраник Мартин, не се дели од сопругот… Или тој од неа? Сани неретко знае да направи и понекоја  шега на негова сметка…

…Ама овој пат, направи нешто друго. Додека беа на одмор, ја искористи новата Инстаграм апликација за две нешта.

Како прво – да си се провери себе си, дали овој пат навистина го избра вистинскиот за сопруг… и добар татко? Па, Сани прикачи фотографија на која нејзиниот Мартин е сликан со децата, а на неа поставена споменатата дилема во вид на испишано прашање! Ваше е само да стиснете ДА  или НЕ за потврда!

Арно ама, Сани, покрај тоа успеа да протне и уште нешто, што не е содржано во прашањето, ама јасно се гледа од фотографијата. Колку силен, мускулест и развиен сопруг има!

И додека Мартин покажувајќи ги децата покажа колку е добар и одан татко, Сани си направи двојна реклама, кога е изборот на мажот во прашање. Ем добар, ем силен, ем… Ем, толку! Останатото – само тие си знаат!

 

To top