Бинди Ирвин, ќерката на „ловецот на крокодили“ Стив Ирвин, ја дувна 20-тата роденденска свеќа.
Бестрашната девојка го прослави својот роденден во „Australia Zoo“, зоолошката градина основана од семејството Ирвин во 1970 година, каде што и работи. Заедно со неа славеа и нејзината мајка, нејзиниот брат и нејзиното момче, кои подоцна споделија и роденденски пораки за Бинди на социјалните мрежи.
„Среќен роденден Бинди! Ова засекогаш ќе биде мој омилен ден од годината на кој ја славиме личноста која ја сакам, мојот другар во животните авантури. Личноста која во слободното време можете да ја најдете како пие чај, пишува писма и набавува цвеќиња за оние кој најмногу ги сака. Би, ти си најсилната личност што ја познавам и шириш премногу добрина секој ден. Ме инспирираш да бидам подобар маж и им благодарам на моите среќни ѕвезди за секој момент поминат заедно. Те сакам. Среќен роденден“ – напиша саканиот на Бинди, Чендлер Пауел.
Неколку дена претходно, тој ѝ подари голем букет цвеќе.
„Пред 20 години, нашите животи беа благословени со најсовршената и најпрекрасната мала Бинди. Секој ден сум благодарна што те имам. Те сакам“ – напиша мајката на Бинди, Тери.
Пред неколку дена и Тери славеше роденден, а Бинди ѝ подари џиновски букет со 100 ружи.
„Среќен роденден! Wow, не ми се верува дека денес полниш 20 години! Имаш постигнато многу, а твојата порака за позитивноста и добрината е инспиративна. Ти благодарам што си најдобрата сестра на светот, те сакам многу! Денешниот ден ќе биде многу забавен“ – напиша Роберт, братот на Бинди.
За да му оддаде почит и на татко си, Бинди на својот роденден сподели фотографија од своето детство со родителите и напиша:
„Среќна 20-ка на моите неверојатни родители! Пред 20 години, на денешен ден, дојдов на овој свет како ќерка на најдобрите, најдарежливите, најпосветените и најгрижливите мама и тато. Пред 20 години бев благословена со најубавиот живот покрај луѓето кои ги сакам повеќе од сè. Мило ми е што моите родители одлучија да ме имаат, а потоа го благословија нашиот живот со мојот неверојатен брат.“