Сега веќе покојната ќерка на рокерот Милиќ Вукашиновиќ, Маја Авдибеговиќ и во јуни оваа година, се обиде да изврши самоубиство со сечење на вените со жилет во бањата, по што откако беше спасена во последен момент, за прв се огласи во јавноста и говореше за својот однос со нејзиниот татко.
Маја призна дека двапати се обидела да крене рака на себе, како и тоа дека нејзиниот татко, наводно, ја малтретирал.
„Прв пат се обидов да се самоубијам кога татко ми ме напушти заради Планинка Раковиќ. Тоа беше во годините кога бев зависникм а бев дете. Никогаш не сум се обидела да изврши самоубиство поради криза оддрогата, како што татко ми тврдеше по медиумите.Тој така само си ја мие совеста. Како дете, го изнесував од кафеана по*очан и исповраќан, а тој така пијан ме туркаше и фрлаше на подот. Поминав сè и сешто со него“ – изјави тогаш, сега покојната Маја.
Ќерката на Милиќ додаде дека вели дека е загрижена за нејзината мајка.
„Мајка ми со години го издржуваше. Кога таа падна на постела, тој не остави и си замина. Ги донесов социјалните работници и лекарите за да ѝ помогнат, нејзино беше само да потпише за да ја сместиме во дом. Би го добивала додатокот за инвалиднина и правото на нега, но таа не сакаше да потпише. Тогаш полудев, ја скршив чашата, ги пресеков вените, па дојде брзата помош, и ме одведоа на психијатрија. Јас никогаш нема да се убијам додека моите деца се живи и здрави.Бев надвор од умот заради ситуацијата со мајка ми, а татко ми ме обвини за тоа што ја одставив во дом.Ми се помрачи умот, бидејќи страдам од биполарно растројство, за што редовно земам лекови“ – ќе изјави таа пред еден месец за српски „Курир“.
Од друга страна, Милиќ тврдеше дека никогаш не ја повредил неговата ќерка Маја.
„Мојата ќерка ми се одмаздува, бидејќи јавно ја изнесов вистината за нејзината зависност… И што можеби повторно ќе падне во криза, а можеби тогаш и ќе успее да си го одземе својот живот“ – кажа тогаш Милиќ, додавајќи дека нејзиниот партнер ја навеле и претворил во зависник од хероин“ – тврдеше Милиќ.