Кога искуството и младоста ќе се спојат квалитетот на производот најчесто е одличен, па така изминатиов месец една убава дружба роди нова соработка и неговата нова песна – „Во име на љубовта“.
Бобан Василевски е комплетен автор на музика, текстот и аражманот на новата песна на македонскиот фолк бард Миле Кузмановски. Песната е снимена во студото на авторот кој се погрижил и за снимањето, мастерингот, миксот и продукцијата, а сето тоа под закрилата на ССЛ продукција.
„Во име на љубовта ќе се најде на мојот нов албум на кој интензивно работам“ – кусо изјави Кузмановски поздравувајќи ги своите обожаватели, на кои на дар им го нуди својот нов потенцијален летен фолк хит.
Ние пак ви ја нудиме премиерно песната поткрепена со фотографии и лирик видео со стиховите на истата, кое го изработил Кирил Василевски.