Мегафон позната причината за смртта на пејачот

Влатко Илиевски починал од коктел на наркотици и алкохол, потврдила обдукцијата

Влатко Илиевски починал од коктел на наркотици и алкохол, потврдила обдукцијата

Пејачот Влатко Илиевски кој чие безживотно тело  беше пронајдено во неговиот автомобил на 6 јули, починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето – објавува порталот Досие.мк

Резултатите се испратени до ОЈО кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.
Безживотното тело на Влатко Илиевски беше пронајдено  на 6 јули вечерта во неговиот автомобил во Скопје. Како што веќе е познато вечерта бил со пријатели в кафеана , но откако заминал никој не знае дали се сретнал со некој и кога ги зел наркотиците. Блиски пријатели и колеги – соработници на пејачот тврдат дека иако постојано покажувал насмевка и среќа, длабоко во себе бил несреќен и страдал од тешка депресија.

To top