Преку профилот на мачката Емилија Џамбазова, македонскиот шоумен Игор Џамбазов беше активен на социјалните мрежи, но веќе извесен период профилот на Емилија како да згасна, а од неа нема ни трага ни глас.
Со тоа и Игор како да изчезна од социјалните мрежи, но затоа е тука неговата верна пријателка и колешка Весна Бејби со која тој поминува доста време, што приватно, што на сцена.
Па така таа деновите објави видео преку кое уште еднаш ги покани сигте љубители на театарот, односно најави уште една изведба на претставата „Брачна игра“ закажана за 20-ти ноември во 19 часот на малата сцена на МНТ.
Како ние двајца се подготвуваме и секогаш се шминка Игор подолго од мене, само да се знае, напиша Бејби, а притоа го разоткри Игор дека му треба повеќе време пред огледало од неа.
Погледнете го видеото, кое можеби ќе ве мотивира да ја погледнете претставата што можеби досега не сте ја гледале или пак репризно да ја проследите брачната игра на Бејби и Игор како Џек и Џилијан.