Некогашната македонска водителка, Хелена Роза вчера имаше убав повод за славење, а честитки пристигнаа од сите страни.
Хелена заедно со сопругот и ќерката Кјара живее на Нов Зеланд каде што пред една година го роди својот син Тиан.
Во една прилика таа изјави дека пред породувањето добила брошура за да одбере како да се породи, дали со музика или без музика, во вода, а таа одбрала тоа да биде ѕвездано небо и музика.
Таа на својот Фејсбук често знае да сподели фотографии и да ги информира пријателите и следбениците за своите активности и ангажмани.
Хелена и нејзиниот сопруг вчера имаа голема повод за славење, односно малиот Тиан наполни една година, а водителката на својот Фејсбук профил сподели фотографија од својот син и напиша: „Среќичка моја малечка, а толку голема“.
Едногодишниот Тиан доби честитки од сите страни.
фото:Фејсбук