Мегафон музика и традиција

Локум фест 2018

Локум фест 2018

Битолскиот фестивал на музиката и традицијата „Локум фест“, од 19 до 21 јули ќе го доживее своето 12. издание, а тридневната програма традиционално ќе се одвива во старата битолска чаршија.

Во рамките на првата вечер публиката ќе може да ужива со звуците на бугарската група „Морски перли“, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и нашите „Чалгија мерак“, а главни ѕвезди на втората вечер се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија – групата „Ентузијазам“. Третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.

Организатор на фестивалот е здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, во рамките на битолското културно лето „Бит-фест“.

To top