Познатата пејачка Драгана Мирковиќ иако последните неколку дена крстареше низ Медитеранот, сепак успеа да најде време и да присуствува на забавата кај познатиот моден креатор Филип Плејн.
На големата забава присуствувале многу важни личности меѓу кои и најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Трам Џуниор.
Српската пејачка се најде на забава која присуствуваа луѓе од светскиот џет – сет. Забавата беше организирана во еден познат клуб, а фотографиите на која е Драгана се напревени пред влезот бидејќи внатре било забрането фотографирање.
„Филип Плајн соработува со „ДМ САТ“ и има дадено повеќе од 10 интервјуа, така се запознавме.Искрено, тоа беше една од најдобрите забава, уживав во секој момент“, изјави Драгана.