Мегафон ПРЕМИЕРА

„Кец на десетка“ во МНТ

„Кец на десетка“ во МНТ

На Македонски народен театар, во деновите од претстојниот викенд, ќе му се случи комедија. На малата сцена премиерно ќе биде изведена „Кец на десетка“ од струмичкиот писател и драматург Митко Бојаџиски.

Работена како претпоследна премиера од програмата за тековната 2017 година, во петок, на 17 ноември, во 20 часот, на Малата сцена на Македонски народен театар, ќе биде изведена комедијата „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски.

Режијата на овој проект е „колективна“ (Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и … други), а играат актерите: Александар Микиќ како таткото Доксе, Тања Кочовска – мајката Грациела, Нина Деан,како Ана и Ивица Димитријевиќ – идниот зет Тоше. Сите заедно се убедени дека потпишуваат проект што ќе ја разгали и насмее публиката, а Кочовска ќе рече дека актерите и не милуваат многу да појаснуваат туку она што го имаат да го кажат го кажуваат на сцена.

To top