Радио Милева

Честитки и од кралското семејство: По победата Новак Ѓоковиќ се сретна со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон!

Честитки и од кралското семејство: По победата Новак Ѓоковиќ се сретна со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон!

Финалниот натпревар на Новак Ѓоковиќ го следеа принцот Вилијам и Кејт Миделтон, а по победата се сретнаа со српскиот тенисер. Кејт и Вилијам поразговараа со Новак.

Кралскиот пар беше воодушевен од синот на Новак, Стефан Ѓоковиќ.

„Тој ми се приближи кога одговарав на прашања за едно интервју. Тоа беше посебен момент. Бев нервозен, се надевав дека тој ќе биде таму. Беше преубаво. Како се вашите деца?, праша Ѓоковиќ.

„Добро, благодарам. Се обидуваат да ја држат тенискиот рекет во рака, но и играат фудбал“, изјави Вилијам.

„Ми беше драго да разговарам со вас“, изјави Новак.

„Честититки! Ви посакуваме убаво лето“, рече Кејт.

Како изгледаше средбата меѓу Кејт Миделтон и принцот Вилијам погледнете во видеото.

To top