Кога станува збор за спортот, деновиве главна тема во медиумите е Светското првенство кое се игра во Русија.
Во полуфиналната вечер Хрватска успеа да ја победи Англија и да се пласира во финалето.
По успехот на хрватската презентација пристигнаа честитки од многу јавни личностит, а пред самото финале меѓу Франција– Хрватска, Јелена Карлеуша испрати силна порака.
„Поради поддршката на народот во Србија, се надевам дека хрватските репрезентативци повеќе нема да пејат песна во која ќе се спомнува убивање на Србите. Доста е омрза и лошо минато. Спорт е спорт. А нашите спортисти се пример на сите, напиша Јеца на Твитер.
За потсетување, сопругот на Јелена, Душко Тошиќ е фудбалер кој играше за турски клуб, а сега потпиша договор и ќе игра за кинески клуб.