Промотер

„Влатко не го пушташе ова во јавност“: Погледнете го постхумно објавениот спот „До крајот“

„Влатко не го пушташе ова во јавност“: Погледнете го постхумно објавениот спот „До крајот“

Музичките соработници на прерано починатиот пејач и актер Влатко Илиевски деновиве објавија дека тој имал уште многу необјавени песни, демо снимки и текстови, но пред неколку дена постхумно на Јутјуб каналот осамна негов спот за песната „До крајот“, а го објави „Фабрика продукција“.

Детали во врска со видеото не беа објавени како дополнение на снимката, но затоа на Фејсбук профилот на еден пријател на Влатче се појавија информациите во врска со овој спот.

Имено, видеото е реализирано во скопската населба Карпош 3 летото пред две години, а според кажувањето во статусот, Влатко не сакал оваа снимка да се појави во јавноста, веројатно чувајќи ја за неговиот нов рокерски албум.

Погледнете:

To top