Радио Милева

Оригинално и скапо: Еве каков подарок добија Александра и Филип од Боба!

Оригинално и скапо: Еве каков подарок добија Александра и Филип од Боба!

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ неодамна склопија брак и го кажаа судбоносното „да“. На свадбата имапе гости од целиот свет, а главен организатор беше таткото на Филип, Боба Живојиновиќ.

Парот доби многу подароци за нивната свадба, но еден ќе им биде посебен драг. Имено, од Боба и неговиот кум добиле посебна колекција на вино од нивната винарија. На амабалажата на шишето се напишани нивните имиња и знакот кој ја претставува нивната љубов.

Тие беа воодушевени, па веднаш се пофалија како изгледа шишето со вино.

фото: Инстаграм

Инаку, по свадбата парот Живојиновиќ иако истакна дека нема да оди на меден месец, сепак успеа да најде малку време и да замине во Монто Карло и да ужива во првите денови од бракот.

 

 

To top