Панче Касапски има нова песна која носи наслов „Намини ноќва“ . Штипскиот музичар овој пат ќе го слушнеме во малку поинаков стил. Имено, станува збор за песна со брз диско ритам, со џез и фанк-призвук.
Касапски самиот се потпишува како автор на музиката, додека за стиховите добил помош и асистенција од легендарната македонска пејачка со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска, за која велат дека песната била и првично наменета. Аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот ги потпишува Иле Спасев.
Иако новата песна доаѓа по пауза од две години откако ја објави „Уште си ми ти“, Панче постојано е активен на музичката сцена потпишувајќи се на песните на некои негови колеги, меѓу кои и струмичанката Александра Јанева, зад чиј актуелен хит „Ќе се вратам некој ден“ како автор на музика стои токму Касапски.
Песната е визуелно надополнето со одлично видео во реализација на екипата од продукцијата „Пирамид“ (Оливер Јакимовски – Михаел Шемко) во режија на Михаел Шемко, а покрај Панче, во видеото главната женска улога ја има моделот Марија Јовева, атрактивната штипјанка која се крие зад уметничкото име Марис Џолин (Maryse Jolene).
Како изгледа и звучи „Намини ноќва“ дознајте во продолжение: