Радио Милева момински мост и влажни погледи

Сузана Гавазова во танга: Жешка Македонка со тело на Амазонка на грчкото крајбрежје! (ФОТО)

Сузана Гавазова во танга: Жешка Македонка со тело на Амазонка на грчкото крајбрежје! (ФОТО)

Македонската фолкерка која живее на релација  Македонија – Шведска, откако се врати  на подолг престој дома, летото го користи малку работно, малку за уживање.

Сузана Гавазова нема викенд да нема настапи, но и нема слободно време да не тркне на море. Ем и се може, ем грчкото крајбрежје и Егејот не и се далеку од родната Струмица, па Гавазова очигледно повеќе време поминува на плажа, отколку по дома.

Атрактивна, привлечна, згодна, неопходна, штом се појави и расоблече, пејачката веднаш ги мами погледите на љубопитната околина. А како и не би, кога таа носи таков сексапил, што не постои некој кој рамнодушен би бил на нејзиниот изглед и еротската привлечност.

Па ако уште сето тоа го зачини соблечена во мини танга бикини, кое како на дланка ги нуди сите нејзини телесни убавини, како на последните фотографии, каде  сликана меѓу палмите и маслинките, среде летната идила ја поттикнува волшебната игра на сите сетила.

Дефинитивно, згодната Македонка со тело на Амазонка, сликана среде зелената градина доминира со својата природна убавина… Особено од онаа перспектива, што ја нуди погледот на последната фотографија! Гавазова за плакнење очи… и влажни погледи. И момински мост кој ги спојува народите!

 

 

To top