Мегафон

Судска медицина: Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Илиевски

Судска медицина: Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Илиевски

Ова за Канал 5 го потврди од Институтот за судска медицина. Ова е периодот да се заврши обдукцијата врз телото на починатиот и да се утврдат точните причини за прераната смрт на пејачот.

Телото на Влатко Илиевски ноќеска беше најдено во неговиот автомобил во скопската населба Аеродром.

Дипломираше пред осум години на Драмскиот факултет. Уште на 12 година возраст почна да свири на гитара и да пее со локални бендови. Во 2000 година настапи на Македонскиот рок – фест со бендот „Made in Macedonia“, истата година се приклучува во рок – групата „Морал“. Од 2007 продолжи со соло кариера. Илиевски во 2011 година во Германија ја претстави Македонија на Евровизија со песната „Русинка“.

извор:канал5

To top