Радио Милева

Меланија Трамп е најновата мета на критики

Меланија Трамп е најновата мета на критики

Американците вчера го прославија еден од нивните најважни државни празници, Денот на независноста со кој го одбележуваат донесувањето на Американската декларација на независност на 4 јули 1776 година.

Се прославувало и во Белата куќа каде што бил одржан пикник за семејствата на војниците, во организација на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп. Многу Американци се облекле во комбинација од боите на американското знаме: црвена, бела и сина.

Исклучок не направила ниту првата дама, која одбрала долг фустан со кариран дезен.Фустанот бил креиран од страна на познатиот американски моден дизајнер Ралф Лорен и овој стајлинг на Меланија бил прогласен за патриотски.

Меѓутоа, критичарите на социјалните мрежи малку се пошегувале и напишале дека нејзиниот фустан е по малку необичен, бидејќи личи на чаршав за пикник.Меланија го комбинирала „чаршавот“ со широк црвен ремен од модната куќа Александар Меквин и лакирани балетанки со потпис на Кристијан Лубутан.

To top