Мегафон Причината непозната

Почина музичарот Ричард Свифт

Почина музичарот Ричард Свифт

Познатиот американски музичар и продуцент Ричард Свифт почина во Вашингтон на возраст од 41 година.

Информацијата ја потврди неговиот менаџер, но се уште официјално не е позната причината за неговата смрт.

Претходно беше соопштено дека тој има сериозни здравствени проблеми, поради што минатиот месец беше и хоспитализиран.

Свифт беше член на групата „Шинс“ од 2011 до 2016 година, а во 2014 година беше на турнеја со групата „Д`Блек кејс“ каде свиреше бас гитара. Тој соработуваше со голем број на музичари, а имаше и сопствено студио во Орегон.

To top