Македонската фолк дива Елена Велевска има ново аудиовизуелно изненадување за своите следбеници, но и за сите Македонци.
Имено, во пресрет на сите историски премрежја што и се случуваат на нашата татковина Република Македонија, која минува низ еден бурен и важен историски период од своето опстојување, пејачката сними своја верзија на познатата македонска новосоздадена фолк песна со патриотска содржина: „Македонијо, мајко страдалнице“, своевремено отпеана од легендарната Петранка Костадинова.
Во нејзина чест, но и во знак на револт од сето она што ни се случува со името на татковината, Елена Велевска ја препеа оваа преубава македонска песна чиј автор на музиката и стиховите е Бранко Ѓорѓиевски, а за која новиот аранжман го направи Гоце Пејак Костоски.
За истата Елена сними прекрасно видео чија режија ја потпишува Даниел Јовески, а спотот е снимен на различни локации во Охрид и во него се прикажани убавините, но и историските факти, споменици и паметници за вековното постоење и опстоење на Македонскиот народ и нашата мајка страдалница Македонија.
Песната ќе се најде на третото продолжение од нејзиниот албум со македонски изворни и традиционални народни песни „Ѓердан за душата 3“.
Елена Велевска со овој потег покажа дека е голе патриот кој си ја сака татковината, горда Македонка која го дава својот придонес за својата земја, со она што најдобро го знае – песната…
Но, во паузата од снимањето на видеото, Велевска не пропушти релаксирајќи се и одморајќи, уште еднаш да ги истакне своето извајано тело, бујните атрибути и сиот свој сексапил.
Или поточно, Елена Велевска покажа две нешта одеднаш: Како се сака Македонија, ама и како изгледа една позната и популарна, секси Македонка!