Нејзините хитови ги знаат речиси сите и каде да се појави прави вистински хаос и атмосфера.
Но, малкумина знаат дека Александра Пријовиќ односно сега госпоѓа Живојиновиќ нема завршено средно образование.
Александра завршила три години од средно образование, а пред три години вети дека ќе го продолжи образованието и ќе го полага матура.
„Многу работам, но наскоро ќе го решам и тоа“, изјави неодамна снаата на Брена.
Секојдневните снимиња, настапи, музички ангажмани не и дозволуваат на пејачката да го заврши образованието. Па, доколку не положи матура, Пријовиќ ќе остане со основно образование.
Инаку, Александра се појави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а пред две недели се омажи за посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.
фото:рајко ристиќ