„Гори се, нека пати оној кому му смета“, напиша пејачката Антонија Шола во описот на фотографијата каде позира во дресот на хрватската фудбалска репрезентација.
По вчерашниот меч со Русија, во кој можеби и неочекувано победија Хрватите, нацијата имаше зошто да се радува.
Меѓу нив беше и пејачката и композитор Антонија Шола, која ја даде поддршката за фудбалерите на својата земја.
Облечена во секси црно мини здолниште споено со хрватскиот дрес и високи потпетици.
И Шола е една од оние дами кои покрај припадниците од посилниот пол, преферираат да ја следат најважната споредна работа на светот.