Радио Милева вратете и ги спомените

Немој да ме прашуваш каде ми се парите: Кристина Арнаудов ограбена во Клинички!

Немој да ме прашуваш каде ми се парите: Кристина Арнаудов ограбена во Клинички!

Во последно време се повеќе наидуваме на непријатни и несакни ситуации и сме жртви на хакери и крадци.

Неодамна, македонската водителка Лила Филиповска имаше непријатна ситуација, па нејзиниот профил на Инстаграм беше хакнат. За среќа, успеа да го врати назад и да ја реши непријатната ситуација.

Македонската пејачка Кристина Арнаудова се најде во уште понепријатна ситуација – стана  жртва на крадци.

Имено, пејачката вчера била на државна клиника заедно со нејзината баба, а непознати лица ја искористиле приликата и и ја украле чантата на пејачката.

Оваа информација пејачката ја сподели на својот Фејсбук профил и истакна дека, ако некој  сепак ја најде нејзината чанта, ќе биде награден.

Вчера додека бев на државна клиника, и ја сместувавме мојата болна бабичка во соба, ми беа украдени ташната која внатре имаше телефон бел Samsung Note 4 со скршен екран (што значи речиси нема вредност),  голем црвен паричник, внатре имаше околу 9000 денари, и еден куп картички, лична карта и милион спомени… Два пара очила, Toxit и Celine…Ако некој налета на нив, ве молам нека ме контактира во порака. Кој и да ги земал, слободно нека ги земе парите, наочарите, се што мисли дека му е вредно…само нека ми ги врати спомените, кои навистина ми значат….Ќе го наградам плус!“ –  стои во објавата на пејачката.

Се надеваме дека на Арнаудова набрзо ќе и ја вратат украдената чанта, а пред се дека ќе ги добие назад спомените кои и тоа како и значат.

 

фото: Фејсбук

 

To top