Ништо лично ништо лично

Ја утнал емисијата или… Мухамед Зекири на политичка дебата дојде во копачки! (ФОТО)

Ја утнал емисијата или… Мухамед Зекири на политичка дебата дојде во копачки! (ФОТО)

Мундијалот е во полн ек, ама и бурните политички збиднувања кај нас. Вчеравечер, во последното издание на емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, на ТВ дебата се сретнаа пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зекири.

Во политика  прсти не мешаме, ама она што го забележа камерата, кажува дека Зекири „ги измешал лончињата“  во многу нешта, па и во имиџот. Ѓомити елегантно дотеран во бела кошула и црно палто, на прв поглед изгледа дека ништо не му фали… Ама кога камерата ќе отвори широк кадар, јасно е дека на Зекири му фали вкус за облекување, поточно обување.

Имено, Мухамед Зекири на дебата се појави обуен во бели спортски патики што наликуваат на фудбалски копачки! Додека неговите беа во опозиција беше „напаѓач“ кој напаѓаше се живо, а сега откако се на власт, Зекири е прекомандуван во „одбрамбен играч“ што ја брани власта. Политички стопер… во копачки!

Нека не ве чуди, кога можат Џемаили, Џака и Шаќири да играат  за Швајцарија, може и Зекири „да игра“ за СДС. Само што во оваа игра не се доаѓа со копачки на дебата! Па уште и бели… на црна чорапа! До душа, тешко е да се утврди марката и моделот… Ама, важно е дека Зекири држи крампон… 5 сантими! Демек сега Светското првенство е во (т)ек, па ај да бидам ин?! Па ако е така, можеше во дрес, швајцарски белким, и во бели гаќици да дојде на емисија, што да не?

Дали некој го прелажал дека ќе биде гостин на „Мундофорија“ наместо на „24 анализа“, останува прашање за анализа? Само како тргнал, немој да ве чуди, ако утре да речеме на отворање на „Охридско лето“ да го видите како дошол во купаќи! За повторно да биде „ин“… белким?!

 

 

To top