Драгана Мирковиќ важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а позната е по тоа што кариерата не ја градеше на приватниот живот туку на нејзините песни.
Мирковиќ пред 19 години се омажи за Тони Бјелиќ, а фотографиите од нивната свадба се појавија дури по неколку години.
Пејачката се омажи во 1999 година, а на свадбата носеше многу едноставна венчаница.
Мирковиќ исто така носеше и бел мантил, што беше невообичаен детал на венчаницата.
Таа неколку пати има изјавено дека материјалните нешта на нејзиниот сопруг ништо не и значат и дека тој и е голема поддршка.
Драгана и Тони имаат успешен брак со кого има две деца, синот Марко и ќерката Мануела.