Српската пејачка Гога Секулиќ откако откри дека на 41 година го очекува своето прво дете, стана се почеста тема од забавните рубрики од медиумите во соседството.
Па така, српскиот магазин „Глоси“, реши да и постави неколку прашања во врска со бременоста, но и едно прашање за тоа дали колешките од естрадата и се љубоморни, на што таа вели:
-На естрадата се прават многу сплетки, а успехот никако не се простува. Забележав дека на многу им пречи мојата љубовна врска. Им пречи што имам убаво и младо момеч? Па нека си најдат и тие. Ако е добра песната, не те сакаат. Ако останеш бремена и родиш дете, те мразат, открива Гога.