Водителката на кулинарското телевизиско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, веќе трета сезона е пред камерите заедно со шефовите Марк и Никола кои создаваат магични дела пред камерите за гледачите.
Александра, иако помина многу емисии и самата знае да каже дека има поднаучено нешто, но кога е дома, готвењето е резервирано за нејзината свекрва.
На социјалната мрежа Фејсбук, на нејзина сметка досега беа упатени доста коментари од гледачите, што позитивни, што негативни. Но, таа на сите реши да им покаже што научила да прави во кујната.
Имено, водителката на Инстаграм објави доказ дека се испраксала да прави палачинки, па дури и да ги врти како професионалец.
Нема сомнеж дека дома и се докажа на свекрвата, а кога ќе го видат ова Марк и Никола, сигурно нема да останат рамнодушни за пофалба.
фото:инстаграм