Деновиве во светот главно случување е Светското првенство во фудбал, меѓу кои игра и Србија, а во српската репрезентација игра и сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
Откако го искритикуваа судијата на последниот натпревар на Србија против Швајцарија, Карлеуша донесе одлука.
Вечерва ќе се одигра натпреварот меѓу Бразил и Србија, а Јеца откри што ќе направи доколку победи Србија.
„Познато е дека не отидов во Москав бидејќи не можам да поднесам толку стрес. Ако го победиме Бразил ќе се соблечам гола и ќе трчам до Русија (добро, ќе летам), напиша Карлеуша на Твитер.
Останува да видиме дали вечер ќе победи Бразил и дали Јелена ќе исполни тоа што го вети.
фото:Принтскрин/твитер