Сури Круз, ќерката на славните Том Круз и Кејти Холмс, ја посети Парадата на гордоста во Њујорк која се одржа на 24-ти јуни, а таму продавала лимонада.
Оваа вест се најде во сите американски медиуми, а пренесуваат дека 12 годишното девојче ја продавало лимонадата за два долари по чаша.
-Беше многу слатка, се смешкаше кога некој ќе помине и на секој купувач му посакуваше да ужива во денот, вели еден од очевидците.
На девојчето сепак внимавала дадилка, со оглед дека нејзината мајка била спречена да и прави друштво.
Инаку, актерот Том Круз уште од 2012 година ја нема видено ќерка си, а кога го прашуваат медиумите за Сури, тој дава неодредени и скудни одговори.