„Довидување таго“ е насловот на новата песна на Тамара Тодевска, за која пејачката изминатиов период снимаше видео во Грција. Таа го најави новиот проект на Инстаграм, наведувајќи го насловот на песната и режисерот на видеото, Чедо Поповски,додека во неодамнешното гостување кај сестра и Тијана откри дека песната е посветена на нејзината ќеркичка Хана.
Новиот сингл доаѓа по пауза од цели три години од објавувањето на албумот каде што ги смести хитовите „Тажна љубов, среќна песна“, „Готово е“, „Тешко без тебе“, „Брод што тоне“ и многу други, а веќе во најава е и неговиот наследник, кој би требало да биде промовиран до крајот на годинава.