Провокацијата и голотијата на некој начин станаа неизоставен дел од претставувањето на некои пејачки, што кај нас, што во соседството, а секако и во светот од поодамна.
Фолк пејачката Марина Тошиќ од Штип која веќе извесно време работи и живее во Бугарија, е една од оние што не можат ни еден ден да го поминат без покажување гола кожа во доза провокација на социјалните мрежи.
Досега на нејзините профили осамнаа доста вакви фотографии, а на истите секако најмногу реагираат припадниците на посилниот пол кои се нејзини верни следбеници.
Во Македонија времето и не личи баш на лето, но онаму каде е Марина е навистина топло.
Разголена на плажа во танга долен костим за капење, а нагоре топлес. Допаѓањата на фотографијата достигнаа и до неколку стотици, а се најдоа и коментари од типот дека секси Марина им ја зеде свеста на мажите.