Радио Милева оптичка мамка

Ниту Панчо – ДНК не е толку мал, ниту син му е толку голем, ама сепак е повисок од него (ФОТО)

Ниту Панчо – ДНК не е толку мал, ниту син му е толку голем, ама сепак е повисок од него (ФОТО)

Панчо – ДНК, како што го знаат фановите на ар ен би дуото или ДЈ Шорти, како што го знаат љубителите на неговите ДЈ сетови не може баш да се пофали со кошаркарска височина.

На новите генерации им требаат само неколку одделенија основно училиште и веќе се на негово ниво, кога е височината во прашање. Меѓу нив и неговиот син Андреја.

На малиот основец тато му е идол. Исто облечени, во ист бренд на маичка, бермуди и патики, Панчо и „малиот“ посетија едно интересно место, каде направија неколку заеднички фотографии.

А на нив, веднаш стана јасно дека „малиот“ на Панчо пораснал голем, што е логично и нормално за едно здраво и среќно дете… Ама што му стана на ДЈ Шорти што толку се смалил? Сега може слободно да се преименува во ДЈ Микро!

Не, не е во прашање ниту кадарот, ниту  аголот на фотографирање, ни оддалеченоста од камерата… Ниту   Панчо – ДНК е толку мал, ниту син му е толку голем, за да изгледа многу повисок од него!  Во прашање е оптичка илузија или поточно, таткото и синот во посета на музејот на илузии!

Роденденска забава и бескрајна љубов на таткото и синот…

Татковата гордост – бескрајна и без илузии… Во музејот на илузии, Панчо од ДНК и неговиот Андреја.

 

 

To top