Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ во четврток го кажаа судбоносното „да“ и запливаа во брачните води.
Многу јавни личности присуствуваа на гала свадбата која беше организирана во една луксузна сала.
Меѓу присутните не беше познатата пејачка која е дел од жирито „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша.
Меѓутоа, Јеца им честиташе на Александра и на Филип и им посака се најдобро во заедничкиот живот.
„Им честитам од срце. Сакам љубоморно да го чуваат и негуваат бракот и љубовта. И од срце им посакувам што побрзо да добијат бебе, изјави Јелена.
За потсетување, Јелена и Александра се “скараа“ пред некое време кога Пријовиќ објави фотографија со Цеца, а Карлеуша и искоментира дека не треба да објавува фотографии со некој кој е вмешан во киднапирањето на братот на нејзиното момче.
Пријовиќ ја избриша фотографијата, но повторно ја сподели со забрана за коментирање.
фото: е-сток