Денес, 8-ми Март, Меѓународен ден на жената се слави насекаде низ светот!
Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, ден кога жените добиваат безброј честитки, цвеќе, разни подароци… Секоја година главниот симбол на месец Март е жената и се’ околу неа.
Во време на супериорна технологија и социјални мрежи, голем број жени, мајки, сопруги, сакаат да се пофалат и покажат како се уважени за нивниот ден, но најголем број од ваквите пофалби со подароци се сведуваат на честитките од најдрагите, најмалите.
Особено драги се честитките, односно ракотворбите изработени од малите вредни рачиња на дечињата кои штотуку почнале да пишуваат или ги направиле осмомартовските честитки со помош на учителките.
Со очи полни љубов и солзи, трепет на срце, вакви честитки добија познатите Македонки кои на својот Инстаграм ги објавија јавно.
Меѓу нив беше Сара Мејс која се израдува на честитката од Илина која за мама ги направи најубавите цветчиња и ги избра најубавите зборови.
Утрото со иста радост го почна и Тамара Тодевска стопена од букетот цвеќе и честитката на својата Хана.
Истото од ќерка си ја дочека и ТВ презентерката Бубе Илиевска која од Нела на подарок доби љубов искажана на хартија и благодарност што е центар на нејзиниот свет.
Овие честитки немаат цена, тие траат засекогаш, а сигурно многу од мајките ги чуваат за цел живот како потсетник дека жената има моќ да биде центарот на светот!
фото:Instagram printscreen