Атрактивна, експлозивна, набиена со енергија и сексапил… Струмичанката Стојне Николова важи за една од нашите фолк-пејачки од помладата генерација, која станува се попопуларна, меѓудругото и заради својот атрактивен изглед, а во последно време привлекува и со своите модни комбинации.
До душа Стојнето уште кога се појави на естрадната фолк сцена го сврте вниманието на себе со она што мајката природа и го дала и ја надарила, но со текот на времето пејачката како да еволуираше и во својот и имиџ и во стајлингот, па со секој нов настап или јавно појавување забележливо е нејзиното уште поголемо „разубавување“!
Разбирливо, „влажните машки погледи“ најмногу се лепат на најистакнатите телесни атрибути, а долгите нозе, рамната снага и витата става, заедно со шармантната насмевка и убавиот лик се повеќе од предизвик, погледот долго да не го симнувате од Стојнето.
Така е се почесто во последно време, така беше и на последниот фестивалски настап на атрактивната фолк убавица од Струмица.
Имено, на 5-ти март во Домот на Армијата во Скопје, по 24-ти пат се одржа годинешното издание на фестивалот кој создаде и обнароди стотина хитови – Фолк фест Роса 2024!Фестивалот беше од ревијален карактер, па награди не се делеа, освен трите награди за животно дело на Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно – Тодор Трајчевски.
Ама затоа ни погледите на присутните не се делеа од дел од пејачките, особено ооние помладите, кои покрај песните со својот атрактивен изглед, имиџ и стајлинг, покрај „влажните машки погледи“, кај поединци изнудија и грст воздишки и копнежи…
Разбирливо Стојне Николова беше една од пејачките која со својата појава на сцената ја разбранува фантазијата. Во кусо мини циклама фустанче, на високи потпетици и мрежести чорапи, уште со првите тактови и направени чекори, изнуди воздишки.
Особено кога со секој чекор и движење на фолкерката по сцената, длабокиот шлиц на кусото мини здолниште ќе се отвореше, машкиот дел од публиката „гореше“ од љубопитност, желба и возбуда да ѕирне и дознае, што се крие под „миничот“ на пејачката?
Провокативниото издание на убавото и сексапилно Стојне и ја крена популарнаста, а на ептен љубопитните адреналинот, па оние што беа дојдени на фестивалскот издание со партнерките, мислите ги делеа „На две страни“ (како што гласи и насловот на песната на струмичката пејачка)… Малку кон онаа што седи покрај нив, малку кон онаа на сцената!
Како и да е, заводливата и згодна фолкерка уште еднаш покажа дека со секое ново појавување изгледа се поатрактивно, посекапилно, побомбастично и поексплозивно.
Остана само оние најљубопитните „да пукнат“… Од желба или од мака што никако не успеаа да си доловат, што крие „миничот“ на Стојне Николова?
Фото и видео: Инстаграм/stojne_official